Кредит до плата е краткоречен кредит кој Ви овозможува позајмување на парични средства за краткорочен временски период од 7-30 дена. Кредитот до плата ќе Ви ги обезбеди потребните парични средства за покривање на Вашите краткорочни финансиски потреби.
Речиси секогаш постојат непредвидени трошоци, ситуации кога платата е предвреме потрошена или остануваат недоволно средства до следната, тогаш вистинското решение за Вас е кредит до плата. Се штo е потребно е да не контактирате или да пополните онлајн апликацијата, без притоа да ја напуштата удобноста на Вашиот дом, канцеларија или каде и да се наоѓате во моментот на аплицирање.
Предности кои Ви ги овозможува Форца кредитот:
Не, може да користите само еден ФОРЦА кредит, но веќе наредниот ден после исплатата на истиот, може да аплицирате за нов кредит и зависно од тековната кампања, со тоа што добивате одредени поволности како наш редовен клиент кој навремено ги подмирува своите обврски.
Секое лице има право да аплицира независно од останатите финансиски задолжувања. Доколку навремено ги подмирувате Вашите обврски за отплата на кредит, кредитни картички, како и останати производи добиени од друга финансиска институција, а со тоа и не сте евидентирани со лоша класификација во Македонското Кредитно Биро, нема да претставува проблем кредитот кој го побарувате од ДФИ да Ви биде одобрен и исплатен.
По затворањето на Вашиот тековен кредит, потребно е ажурирање на Вашиот профил. Откако ажурирањето ќе биде завршено, веднаш можете да пристапите кон пополнување на нова апликација за кредит.
За добивање на Форца кредит не Ви е потребен ниту залог, ниту гаранција. Вие го добивате кредитот со приложување на лична карта или пасош во електронска форма (скенирана или фотографирана) и број на здравствена картичка кој е задолжителен за пензионери и самовработени.
Трошокот за аплицирање и одобрување на Форца кредитот се состои од еднократна провизија која се плаќа при отплатата на кредитот.
• Да имате минимум 18 години, максимум 70 години • Да сте државјанин на Република Македонија • Да поседувате своја трансакциска сметка • Да имате своја електронска адреса (e-mail) • Да поседувате свој мобилен телефонски број • Да имате редовни месечни примања по основ на плата / пензија. • Да сте кредитноспособни
За да аплицирате за Форца кредит, потребно е да приложите валидна лична карта или пасош како документ за идентификација, број на здравствена картичка и единствен даночен број (само за самовработени). • Лична карта: скенирана или фотографирана од двете страни (задолжителен документ за сите апликанти • Број на здравствена картичка (задолжително за пензионери) • Даночен број (задолжително за самовработени) Потребните документи можете да ги прикачите на Вашиот кориснички профил на нашата веб страна forza.mk или да ги испратите на нашата електронска адреса: info@digitalfinance.mk Доколку во одредени ситуации постои потреба од приложување на дополнителна документација, навремено ќе бидете информирани.
По кликнувањето на копчето „Аплицирај сега“ се појавува прозорец каде што треба да ги следите чекорите и со избор на условите и внесот на Вашите лични податоци и информации, сте еден чекор пред комплетирање на Вашата апликација. Затоа Ве молиме во моментот на аплицирање нека ви бидат достапни следните податоци: Вашиот мобилен телефон, бројот на трансакциската сметка, личната карта или пасош и здраствената картичка. Внимателно проверете ја точноста на податоците при пополнување на апликацијата за ФОРЦА кредит. За дополнителни информации можете слободно да не контактирате на телефонскиoт број 02/323-6666 секој работен ден од Понеделник до Петок од 08:00 до 20:00 часот и Сабота од 09:00 до 17:00 часот. По комплетирањето на апликацијата и нејзина обработка, ќе добиете одговор во најкус можен период.
Одговорот на ова прашање најмногу зависи од времето што Ви е потребно за да ја комплетирате Вашата апликација. Во просек обработката на Вашата апликација како и исплата на кредитот од страна на ДФИ се врши во најкраток рок.
За одлуката за одобрување и исплата на кредит ќе бидете известени преку СМС порака и на Вашата електронска адреса (email). Оваа информација ќе биде пренесена во форма на порака и на Вашиот кориснички профил на нашата веб страна.
Да, ДФИ како одговорна компанија врши проверки во Македонско Кредитно Биро (МКБ) и особрува и исплаќа кредити само на клиенти со уредна кредитна историја.
ФОРЦА кредитот може да биде одобрен во износ од 3 000 ден. до максимален износ од 20.000 ден. за нашите редовни клиенти, со период на еднократна отплата од 7 до 30 дена. Износот кој се исплаќа се одредува индивидуално за секој клиент зависно од висината на приходите и кредитната историја.
• Моментална промотивна понуда - 0% трошоци за прв кредит • Редовна понуда - 29% провизија за аплицирање, обработка, одобрување и администрирање на кредит • Секој втор и иден кредит е со провизија од 10%-25% Сите трошоци за кредитот се достапни и транспарентно прикажани при процесот на аплицирање. Доколку предвидените трошоци не се прифатливи за Вас, имате опција да не продолжите со потпишување на договорот. Договорот за кредит се смета за склучен во моментот на потпишувањето. На тој начин, Вие не сте обврзани да го прифатите договорот пред да го потпишете.
Согласно договорот за кредит На денот на доспевањето на кредитот, Вие имате обврска да го вратите износот на кредитот кој што сте го позајмиле, со вклучена провизија за аплицирање, обработка, одобрување и администрирање пресметана на износот на кредитот
Во најголемиот број на случаи нема потреба да ни доставите документи во писмена форма, освен во случаите кога Вашата апликација содржи нецелосни или сомнителни податоци чија веродостојност ќе треба да биде потврдена и со соодветен документ.
Исплатата на кредити се врши секој час, а во зависност од часот на аплицирање периодот на исплатата може да биде од неколку минути до еден час. Брзината со која кредитот ќе биде исплатен на Вашата трансакциска сметка зависи и од банката со која што Вие соработувате.
Отплата на кредитот и вклучените трошоци може да се изврши во секое време пред истекoт на рокот за доспевање на кредитот, без наплата на дополнителни трошоци за предвремена отплата од страна на ДФИ.
Да, постои опција за продолжување на рокот рокот на отплата на кредитот, доколку веќе не сте го достигнале максимално дозволениот лимит за продолжување. Рокот за отплата на кредитот e овозможено да се продолжува максимум 17 пати по истекот на иницијалниот датум на доспевање на кредитот наведен во Договорот за кредит. За реализација на Вашето барање за продолжување на рокот потребно е да се најавите на Вашиот кориснички профил на forza.mk или да го контактирате тимот на Форца на телефонскиот број: 02/323-6666. Во секој случај задолжително е плаќањето на провизија за продолжување на рокот за отплата, која изнесува 29% од износот на кредитот.
Доколку не сте во можност да извршите навремена отплата на Вашиот кредит, Ве молиме контактирајте го тимот а Форца на нашиот телефонски број 02/323-6666 или изберете ја опцијата за продолжување на рокот за отплата, достапна на Вашиот кориснички профил. Потоа, извршете ја уплатата на провизијата за продолжување на рокот за отплата. Продолжувањето ќе биде активирано веднаш по приемот на уплатата.
Потребно е да се најавите на нашата веб страна forza.mk и да кликнете на полето “Најави се“ во горниот десен агол
Да, процесот на аплицирање е безбеден. Сите Ваши информации се пренесуваат користејќи ја најновата технологија за енкрипција.
Кликнете на “Settings” и потоа изберете го интернет пребарувачот “Safari” на Вашиот мобилен уред. Во менито, пристапете кон полето “Privacy” и променете ја опцијата “Block Cookies” во “Never”.
Кликнете на апликацијата Пребарувач (explorer), потоа кликнете го долното лево копче за опции и движете се надолу во Подесувања (settings) – Приватност и Безбедност (privacy and security) – Прифати (accept) cookies.
Нашите оператори го очекуваат Вашиот повик секој работен ден од Понеделник до Петок од 08:00 – 20:00 часот и Сабота од 09:00 – 17:00. Не заборавајте дека вршиме исплата и во Сабота.
Понеделник | 08:00 | до | 20:00 |
Вторник | 08:00 | до | 20:00 |
Cреда | 08:00 | до | 20:00 |
Четврток | 08:00 | до | 20:00 |
Петок | 08:00 | до | 20:00 |
Сабота | 09:00 | до | 17:00 |
Оставете телефонски број и ќе Ве исконтактираме во наредните 15 минути во текот на нашето работно време, или закажете термин кога сакате да Ве исконтактира оператор.